Германците и натаму најмногу и веруваат на Меркел, покажува анкетата на Форс
Во првата ранг листа на Форс за годинава Меркел добила 59 од 100 поени и ја задржа својата челна позиција од минатата анкета, пренесе Фена.
Форс редовно го утврдува нивото на доверба кое германските граѓани го покажуваат за своите политичари.
„Големата доверба која ја ужива Ангела Меркел покажува дека таа во јавноста е сметана за некој вид канцелар кој се поставува над партиските и политичките кавги“, изјави Манфред Гуелнер, директор на Форс, давајќи коментар на резултатите од анкетата.
Лидерот на германските Зелени, Роберт Хабек, е втор зад Меркел со 50 поени, забележувајќи пад од еден отсто од претходната анкета, и покрај тоа што беше критикуван во пошироката јавност заради агресивната изјава за американскиоот претседател Доналд Трамп .
Говорот што Трамп го одржа на Светскиот економски форум во Давос, Хабек го нарече „најлошиот говор што го слушнал во својот живот“.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје