-->
-->
Гери Невил нов тренер на Валенсија
-->
Гери, а не Фил Невил во средата е назначен за тренер на фудбалерите на Валенсија. Легендарниот десен бек на Манчестер Јунајтед екипата од „Местаља“ ќе ја предводи до крајот на сезоната.
Валенсија ќе биде првиот тим кој во кариерата ќе го трениера Гери Невил, кој во моментов му е асистент на англискиот селектор Рој Хоџсон. Во Валенсија тој ќе работи заедно со својот брат Фил, кој ќе му биде прв помошник.
„Одушевен сум, возбуден и горд што добив можност во Валенсија. Ова е голем клуб, со верни навивачи кои со многу страст го бодрат клубот. Знам дека играчите се многу талентирани и се радувам на заедничкиот предизвик“, рекол Гери Невил.
Невил официјално ќе дебитира на 6. декември против Лион во Лигата на шампионите, иако Валенија претходно ќе игра во Купот против Баракалдо и во првенството против Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот