Герасимовски: Мицкоски и Котлар се против интересите на граѓаните кај Зелен пазар
Кандидат за градоначалник за општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски вели дека Мицкоски и Котлар воопшто не знаат кои се приоритетите и проблемите на граѓаните кои живеат кај Зелен пазар. Според него, тие наместо да понудат решение за жителите околу пазарот, излегуваат со ветување кои дополнително ќе им го отежне секојдневието.
-На граѓаните кај Зелен пазар ќе им го решиме проблемот со хигиената и хаосот кој се создава од пазарџиите кои продаваат надвор од тезгите. Најстрого ќе се санкционира и редовно контролира нарушувањето на мирот на граѓаните, продажбата на диво и валкањето на околината. Понатаму, ќе ги исчистиме и уредиме подземните паркинзи и ќе воведеме целосен ред во паркирањето, ветува Герасимовски.
Тој потенцира дека тоа е врвен приоритет за граѓаните кои живеат таму и оти ќе го решат во првите месеци од мандатот.
-Пазарџиите кои уредно продаваат и плаќаат за тезгите ќе добијат субвенции за наем на тезгите и за паркирање. Со тоа ќе стимулираме регуларна продажба а ќе ги отстраниме пазарџиите кои продаваат на диво. На Зелен пазар ќе воведеме ред и еднакви услови за пазарџиите, а чиста и безбедна средина за граѓаните кои живеат таму, вели тој.
Според Герасимовски, Мицкоски и Котлар тропаат на погрешна врата и оти не знаат што е потребно за граѓаните на Центар.
-Затоа за десет дена ќе се соочат со нов пораз. Мицковски и Котлар и при денешната посета на пазарџиите од Зелен пазар не понудија конкретни решенија како ќе ја подобрат нивната состојба туку дадоа само ветување дека може подобро. „Подобро“ без конкретни решенија е само уште празно ветување. Нашата програма е поразлична затоа што го нуди токму спротивното – конкретни решенија за проблемите на граѓаните, вели Герасимовски.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата