Бизнис
6. December 2020 - 14:29

Георгиевска: 283.000 граѓани ќе добијат финансиска помош од 6.000 денари

И покрај обидите за блокади на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Предлог законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Со овој Закон започнува спроведувањето на клучна мерка од четвртиот економски пакет за помош на граѓаните во справувањето со економските последици од коронкризата.

Околу 283.000 граѓани ќе добијат финансиска помош од 6.000 денари за купување македонски производи, со кои Владата предводена од СДСМ им помага на домаќинствата, а истовремено се раздвижува домашната економија.

6.000 денари ќе добијат околу 180.000 пензионери кои добиваат пензии пониски од 15.000 денари, над 5.700 самохрани родители, потоа невработени лица кои се пасивни баратели на работа, естрадни, филмски и културни работници, корисници на права на социјсална сигурност, како и лица над 64 години кои не добива социјална пезнија и немаат друг приход.

Го усвоивме и Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид – 19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.

Низ партнерски однос преземаме конкретни мерки да им помогнеме на лозарите, за да се ублажат последиците од коронакризата врз производството на грозје и винската индустрија.

Во време на најголемата здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот, Владата предводена од СДСМ низ четири пакети мерки пренасочува кон граѓаните и економијата речиси милијарда евра.

СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за сите. Остануваме посветени на мерки и решенија кои обезбедуваат простор за брзо надминување на здравствените и економски последици од коронавирусот.

Истовремено, ја користам оваа прилика да ги повикам пратениците од опозицијата, да ги повлечат бесмислените и апсурдни амандмани, да престанат со блокадите на Собранието. Да ги донесеме дополнувањата на Деловникот за работа на Собранието.

На државата, на граѓаните, потребно им е фунцкионално Собрание, овие закони, оваа поддршка за 283.000 граѓани е последен доказ за тоа.