Македонија
18. January 2018 - 19:16

Генералниот секретар на НАТО во посета на Македонија: Портите на НАТО остануваат отворени, се чека решение на името

Силно ги поддржуваме вашите заложби за евроатланска интеграција, а со тоа и за членство во НАТО, но и Алијансата покажа дека патот до нејзе е отворен за сите оние кои се подготвени да ги исполнат обврските за тоа. Ова го нагласи генералениот секретар Јенс Столтенберг на денешното обраќање пред пратениците. 

Обраќањето во парламентот го следеа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои подолго време не учествуваат во работата на парламентот поради апсењата за 27 парил. Столтенберг во Собранието се сретна и лидерите на ДУИ Али Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека имале конструктивна средба со генералниот секретар на која се зборувале за сите клучни чекори битни за членството во НАТО. Мицкоски дал уверување дека неговата партија ќе даде поддршка на сите процеси поврзани со члентвото во Алијансата.  Сепак, партијата се пожалила и на односот на власта кон опозицијата.

За власта генералниот секретар испратил јасна поддршка и побарал вклученост на сите фактори во реформските процеси, но и дека Алијансата одгирала клучна улога во мирот и стабилноста на земјава.

Столтенберг во својот говор ниту еднаш не го спомена името на државата, се обраќаше со изразот „вашата земја“. Генералниот секретар пред Собранието беше пречекан од 100-тина антинато расположени граѓани.