Генералниот секретар на австриското Министерство за Европа во посета на Македонија
Македонско-австриските односи и соработка, европската интеграција на Македонија, мигрантско-бегалската криза како и приоритетите на претстојното претседавање на Австрија со ОБСЕ беа теми на денешната средба во Скопје на вицепремиерот и министерот за надворешни работи Никола Попоски и државниот секретар во МНР Елена Кузмановска со Михаел Линхарт, генералниот секретар на Сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија.
Како што информираат од МНР, соговорниците заеднички констатираа дека македонско-австриските односи одлично се развиваат, како на политички, така и на економски план. Генералниот секретар Линхарт и во оваа прилика ја реафирмираше цврстата поддршка од Австрија на европската перспектива на Република Македонија.
Тој воедно упати признание за успешното справување на земјата со мигрантско-бегалската криза.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата