Македонија
16. November 2016 - 15:35

Генералниот секретар на австриското Министерство за Европа во посета на Македонија

Македонско-австриските односи и соработка, европската интеграција на Македонија, мигрантско-бегалската криза како и приоритетите на претстојното претседавање на Австрија со ОБСЕ беа теми на денешната средба во Скопје на вицепремиерот и министерот за надворешни работи Никола Попоски и државниот секретар во МНР Елена Кузмановска со  Михаел Линхарт, генералниот секретар на Сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија.

 

Како што информираат од МНР, соговорниците заеднички констатираа дека македонско-австриските односи одлично се развиваат, како на политички, така и на економски план. Генералниот секретар Линхарт и во оваа прилика ја реафирмираше цврстата поддршка од Австрија на европската перспектива на Република Македонија.

Тој воедно упати признание за успешното справување на земјата со мигрантско-бегалската криза.