-->
-->
Генерален штрајк во Бразил поради пензиски реформи
-->
Во Бразил денеска почна генерален штрајк на работничките синдикати, кои се против реформа во пензискиот систем за која моментно се дискутира во Конгресот.
Бразилската Влада планира да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија на 65 години за мажи и 62 години за жени, како и да ги зголеми придонесите за работниците.
Штрајкот веројатно ќе ги блокира сите градови ширум Бразил.
Полицијата во Рио де Женеиро употреби солзавец врз демонстрантите кои се обиделе да ја блокираат главната улица, а во Сао Паоло учесниците во протсетот палеле гуми на главниот булевар.
Засега нема информации за евентуално повредени лица. Генералниот штрајк е прв од ваков вид откако стапи на должност претседателот Жаир Болсонаро во јануари оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Треновски: Оптимистички буџет со бројки кои тешко ќе се достигнат
-
Падна дел од барокната фасада на зграда во центарот на Скопје
-
Медиумска писменост ќе се воведе и во средното образование
-
Преглед на вести од светот
-
Мицкоски: Нема да го менуваме уставот додека не добиеме јасни гаранции
-
СДСМ бара комисиска седница за директорот на АНБ
-
Нова градинка во Ѓорче Петров
-
Глобална недела на медиумската писменост