Генерал Весли Кларк: Али Ахмети е вистинска легенда
Нашите пријатели и сојузници од САД отсекогаш биле силата што не поддржувала во најтешките времиња и исто така во најдобрите моменти на нашиот народ, рекол лидерот на ДУИ Ахмети за време на средбата со поранешниот врховен командант на НАТО, генерал Весли Кларк, информира партијата.
Кларк му рекол на Ахмети дека има легендарна улога во градењето на оваа држава и дека лидерот на ДУИ е жива легенда.
– Вие имавте легендарна улога во градењето на оваа држава, вие Ахмети сте вистинска легенда. Изградивте партија што се претвора во ’рбет на стабилноста на земјата. Фасцинантна трансформација за оваа земја која можеше да заврши со нестабилност, стана моќна држава на стабилноста – рекол Кларк.
Ахмети и генералот Кларк разговарале и за членството на Македонија во НАТО, помошта што САД ја дале во оваа насока, конструктивната улога на земјата, градењето на еднакво општество и предизвиците што ги има земјата на патот кон интеграцијата во Европската Унија.
Од партијата велат дека Кларк имал посебна улога во постигнувањето на мир на Балканот Ахмети им се заблагодарил на генералот и на НАТО, потенцирајќи дека сите достигнувања се заеднички и дека како земја и како народ сме им вечно благодарни.
Ново на Сител
-
Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пронајдени оружје и муниција
-
Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
-
Кривични пријави против лица од Пробиштип и Свети Николе за кражби од цркви
-
Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј и да градиме општество на знаење и меѓусебно почитување
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови
-
Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок - писмото, словото, гласот на нашиот идентитет
-
Украина: Извршен еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев