Гебрев: Иамло нарушување на безбедноста на сладиштата за муниција во Бугарија
Бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, сопственик на компанијата ЕМКО, која стопанисува со магацините за мнуниција кај Карнобат кои вчера се запалија, за НОВА изјави дека има камери и безбедносна опрема кои снимиле што се случувало во магацините.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Гебрев, имало видео запис дека чуварите не го напуштале работното место.
По сигнализацијата на системот, обезбедувањето тргнало да провери што се случува. Во меѓувреме, истражувачкиот новинар Христо Грозев од меѓународната платформа Bellingcat коментира дека лицето кое го нарушило безбедносниот периметар на магацините кај Карнобат, најлогично е да е претставник на Русија, но не ја исклучува можноста дека станува збор за некој кој во Бугарија има проблем со Гебрев.
Истражителите ќе можат да влезат во магацините дури во вторник, откако ќе се утврди дека нема опасност од други експлозии.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели