„Газета Експрес“: Тачи следната недела ќе оддржи консултации со партиите за датум за предвремени избори во Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи следната недела ќе одржи консултации со политичките партии за утврдување датум за предвремени избори. Консултациите ќе следат откако минатата недела премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата заради поканата да се појави пред Специјалниот суд во Хаг за неговата улога како командант на Армијата за ослободување на Косово (ОВК), информира електронското издание на приштинскиот дневен весник „Газета Експрес“.
Одлуката на Тачи доаѓа шест дена откако Харадинај ја депонира својата оставка како премиер на косовската Влада.
Во соопштенето, издадено од прес службата на шефот на државата, се наведува дека по оставката на Харадинај претседателот треба да ги преземе сите неопходни активности, предвидени со Уставот на Косово.
„Претседателот на Република Косово ги уверува сите граѓани дека секое дејствие ќе биде во согласност со Уставот на Република Косово и од следната недела претседателот ќе почне консултации со политичките партии/коалиции за преземање на натамошни чекори за надминување на сегашната ситуација по оставката на премиерот“, се наведува во официјалното соопштение.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот