„Газета експрес“: Тачи денеска ќе му го додели мандатот на Курти за новата влада на Косово
Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска ќе му го додели мандатот за формирање на новата влада на Косово на Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), партија која победи на октомвриските парламентарни избори во земјата, објави порталот „Газета експрес“.
Доделувањето на мандатот од страна на Тачи на челникот на ВВ следи по вчерашната конститутивна седница на новото Собрание на Косово, на која беа верификувани мандатите на новите пратеници, а беше избран и парламентарниот спикер, Глаук Коњуфца од ВВ, како и потпретседателите на законодавниот дом.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, неименувани извори на „Газета експрес“ тврдат дека состанокот на Тачи и Курти ќе се одржи во 11 часот во претседателскиот кабинет.
Согласно косовските закони, откако ќе го добие мандатот, мандатарот има рок од 15 дена да му го предложи на Собранието составот на владиниот кабинет. Доколку тој не успее да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство, претседателот, согласно Уставот, треба да го понуди мандатот на лидерот на второрангираната партија на изборите, а доколку и тој не успее да формира влада земјата оди на предвремени избори.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс