Тенис
20. April 2023 - 19:57

Гаске елиминиран од турнирот во Бања Лука

Интересни дуели на  тенискиот турнир Српска Опен во Бања лука каде играат неколку врвни тенисери на чело со Новак Ѓоковиќ. 
Прв публиката ја возбуди босанскиот тенисер Дамир Џумхур кој со 2-1 во сетови славеше против  Французинот Ришар Гаске и најави  меч во четвртфиналето со победникот на Мастерсот во Монте Карло, Андреј Рубљов. 
Пласман во четвртфиналето забележа и Душан Лајовиќ и негов следен противник е Новак Ѓоковиќ. 
Денеска победи забележаа уште и Кецмановиќ и Лехецка.