Гаши: Исмаили е чист како солза, ако се докаже спротивното давам оставка
Откако Антикорупциска побара од Обвинителство да покрене кривична постапка за поранешниот министер за култура, Исмаили, за кој постои сомневање дека ја злоупотребил службената положба и овластувања и го оштетил буџетот на државата во постизборен период, во време кога немало Влада и во услови на ребаланс на буџетот, а воедно е дел од партијата Алтернатива и е номиниран за потпретседател на Собранието, Гаши во Дневникот на Сител рече дека екс министерот за култура е чист како солза.
- Воопшто не е точно тоа, ова е многу индикативна иницијатива започната од политички структури, целосно политизирана. Јас тврдам дека Хусни Исмаили е чист како солза, јас повеќе му верувам нему отколку себеси. Така што со полна одговорност тврдам дека нема ништо неодговорно направено и нечесно тој човек. Ако се утврди нешто такво јас давам оставка од политиката, изјави Гаши.
Гаши не сакаше да коментира кој му прави местенка на екс министерот за култура само рече дека зли сили постојат секогаш.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина