„Гардијан“: Балканот ќе му создава главоболки на Трамп
Состојбата на Балканот се заканува да прерасне во главоболка за надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, оценува лондонскиот весник „Гардијан“.
- Заборавете ги Кина и Блискиот Исток. Поранешна Југославија би можела да стане прва реална главоболка на надворешната политика на Трамп, наведува весникот.
„Гардијан“ проценува дека по кризниот период од 90-те години на минатиот век, Балканот сега повторно е соочен со криза,
- Се преиспитуваат границите, растат тензиите и повторно се споменува размената на територии како последен начин за спречување на насилството, истакнува лондонскиот весник.
Според „Гардијан“, дипломати проценуваат дека 2017 ќе биде „кошмарна година“ за Балканот, поради „претседателските избори во Србија, се поизвесните предвремени избори во Косово и поради загревањето за изборите во Босна и Херцеговина следната година“.
Весникот проценува дека тензии ќе предизвикаат првите обвиненија на Специјалниот суд за злосторства извршени од Ослободителната војска на Косово, како и заканите за референдум за независност на Република Српска од БиХ, кој „никогаш во целост не заздрави од војната“.
- Тука е и Црна Гора, која беше сериозно политички потресена минатата година кога Владата тврдеше дека руски институции се обидуваат да оркестрираат државен удар... А и Македонија, најјужната република од поранешна Југославија, која се труди да формира нова влада по политичката криза со етничките Албанци, додава „Гардијан“.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер