Галетановски: Kоректен професионален разговор, не знаев дека шега би влијаела на гласачи
„Ништо не се случи, обилен информативен разговор“, вели директорот на Скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, кој вчера беше повикан во полиција, во Секторот за економски криминал, поради објава на неговиот Фејсбук профил. Тој вели дека ништо посебно не се случило и дека биле максимално коректни кон него.
-Ми се јавија, ме викнаа и јас секако отидов во Секторот за економски криминал. Ме прашаа дали е мој профилот на Фејсбук, што секако потвдив дека е мој. Потоа ме прашаа твоја ли е објавата, на што реков дека не е моја и дека ја превземав и ја споделив од друг. Седевме скоро еден час и ништо не се случи. Направен е записник и толку. Чисто информативен разговор. Ме прашаа и зошто, на што јас реков дека е шега, дека се пошегувави навистина не знаев дека тоа би влијаело на гласачаи. Го превземав некаде од Фејсбук, не знам од кој беше. Коректно беше се, ништо не се случи, навистина беа културни и професионални, не можам да се пожалам, вели Галетановски.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите