Г7: Зајакнување на напорите да се спречи Русија да профитира од војната
Министрите за трговија на Групата седум индустриски најразвиени земји – Г7 денеска на состанокот во Германија најавија дека сакаат да ги зајакнат напорите да ја спречат Русија економски да „профитира” од војната во Украина.
„Ќе ги одржиме и интензивираме координираните напори за да ја спречиме Русија да профитира од нејзината нелегална агресија и да ја намалиме нејзината способност да ја продолжи војната“, изјавија министрите по дводневниот состанок. На средбата се разговарало и за финансиски механизам наменет за обединување на приватните и на јавните фондови за обнова на Украина по завршувањето на војната. „Ние сме во геополитичка ситуација кога идејата за глобална трговија за подобрување на животот на луѓето е ставена на тест“, рече германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој претседаваше со состанокот што се одржуваше во замокот Нојхарденберг во источна Германија.
Во соопштението објавено на крајот од дводневниот состанок, министрите изразуваат залагање за „диверзификација“ на меѓусебните трговски односи, во услови на сè понапната геополитичка средина. „Ние, министрите за трговија на Г7, нагласуваме дека диверзификацијата на трговијата и проширувањето на трговските односи се од суштинско значење за подобрување на отпорноста и одржливоста на нашите економии“, изјавија министрите најавувајќи зајакната трговска политика кон Кина.
„Кина е една од нашите грижи, во смисол на нарушувањето на конкуренцијата, субвенциите за индустриите и транспарентноста“, рече пред медиумите еврокомесарот за трговија, Валдис Домбровскис. Групата Г7 ја сочинуваат Германија, Франција, Италија, Велика Британија, Јапонија, САД и Канада.
Ново на Сител
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај