Македонија
20. April 2025 - 16:47

Г. Петар: Со Цариград во моментов нема преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме

Со Цариград во моментов нема никакви преговори, не можеме да преговараме околу тоа што сме и кои сме. Ова е ставот на Владиката Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски кој вели дека недоразбирања со Цариград немале никакава врска со верата. Според него Фанар имал барања кои биле комплетно неприфатливи за нас, а тоа било да не се именуваме воопшто како Македонија и Македонска Православна црква и да не се именуваме како Македонци, второ да се нарекуваме само Охридска Архиепископија и трето Цариград ја барал целата наша дијаспора во владение, што било апсурд бидејќи таа била е изградена и создадена од Македонците кои живеат надвор од државата.

„Тоа значи дека никогаш нема да добиеме Томос ако стокат вака работите?

Па ние нема што да преговараме за нешто за што не може да се преговара, ние може да преговараме за работи за кои се преговара. Сега како да преговараме за тоа да се откажеме од тоа што сме. Па мислам и истата приказна е за со влезот во ЕУ, влезете во ЕУ, но не како Македонци, не како македонска нација, не како македонска земја, не како македонски народ. И какви на крај, никакви“, вели Г. Петар, Митрополит Преспанско – Пелагониски.

МПЦ продолжувала да сослужува со сите цркви освен со Православната Црква на Украина, која не ја признавале и други православни цркви, дури и најголемиот број на манастири на Света Гора кои се под директна јурисдикција на Цариград, а кое исто така било едно од барањата на Цариград.

„Мнозинствоот од цркви не сослужуваат со неа дури и 20 манастири на Света Гора само 4 ја признаваат. А тие манастири се под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Така што ние не се ставаме на ниту една страна, ниту на Москва, ниту на Србија, ниту на Грција, туку на страната на Православието, на каноните. Каноните не го дозволуваат тоа кое што од нас се бара. И тука проблемот е јасен и конкретен дека ние нема да отстапиме од каноните и да се бориме за единството во Православието“, додаде Митрополитот Петар.

Поделбите во Православието се очигледни и големи. Позиционирањето на црквите на различни табори и се поголемо. Дали оа ќе биде надминато и како МПЦ ќе одигра во иднина останува да покаже времето.