Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск
По повод 1155-годишнината од блаженото упокојување на Сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отпатува за Рим, каде што утре ќе отслужи Молебен на неговиот гроб во базиликата „Свети Климент“ („San Clemente“).
Г. г. Стефан, како што соопшти неговиот кабинет, на патувањето е придружуван од митрополитот Европски г. Пимен, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски, професорот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и поранешен македонски амбасадор во Ватикан, проф. Ѓоко Ѓорѓевски, како и од свештенослужители од Скопската епархија. На Молебенот ќе сослужува и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Во текот на посетата, г. г. Стефан денеска официјално ќе биде примен од Неговата Светост, Папата Франциск. На средбата, како што е наведено во соопштението, ќе присуствува и македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова.
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка