Г-20 треба да обезбеди финансирање на борбата против миграциската криза
На средбата на високо ниво на Г-20 што треба да се одржи на 15 и 16 ноември во Турција треба да се обезбеди финансирање на борбата со мигрантската криза, се наведува во заедничката изјава на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
- Г-20 има голема одговорност да гарантира доволно финансирање на меѓународните организации, кои им помагаат на бегалците. Ние соработуваме со турската Влада за да гарантираме конкретен резултат, се посочува во заедничката изјава.
Туск и Јункер посочуваат дека на средбата во Турција треба да се разговарта за мигрантската криза предизвикана од конфликтите во Сирија на други места и оти „Г-20 треба да одговори на предизвиците и да даде координиран и иновативен одговор“.
- Таквиот оддговор треба да доведе и до зајакнување на солидарноста на меѓународната заедница во областа за заштита на бегалците, се истакнува во изјавата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото