ФЗОМ: Проблемот со потврдите за ослободување од партиципација надминат пред неколку недели
ФЗОМ денеска реагирајќи на прес-конференцијата на министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски во врска со потврдите за ослободување од партиципација на одредени ранливи категории граѓани потенцира дека уште пред неколку недели ги известил медиумите оти е надминат проблемот со потврдите кои треба да ги издава Министерството за труд и социјална политика, а врз основа на кои Фондот се понудил да издава известување за овие лица, со цел, како што посочуваат оттаму, непречено остварување на права од здравственото осигурување.
- Ја разбираме потребата на Ременски да изгледа дека нешто работи, но Фондот сака да информира дека категориите граѓани кои ги спомна, се веќе ослободени од партиципација и истите не плаќаат партиципација согласно Законот за здравствено осигурување уште од 29 3 2000 година, односно цели 16 години. Добро е што Ременски дознала дека не постојат законски пречки за ослободување од партиципација, согласно Законот за здравствено осигурување, за децата со посебни потреби, корисниците на постојана парична помош, лица сместени во установа за социјална заштита и во друго семејство според прописите за социјална заштита и душевно болни лица сместени во психијатриски болници/ментално ретардирани лица без родителска грижа, се вели во демантот од Фондот за здравствено осигурување.
Оттаму посочуваат дека согласно Законот за општа и управна постапка, надлежната државна институција која води регистар, е единствено надлежна да издава потврда, во случајов тоа е Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина