Македонија
12. March 2021 - 15:18

Функционерите на СДСМ велат добиле покана од РФМ, од федерацијата се оградуваат

На вчерашниот натпревар помеѓу Македонија и Данска и покрај забраната за публика, директорот на Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и неговиот брат спротивно на протоколите присуствуваа на натпреварот.

Пратеникот Каевски и градоначалникот Темелковски за а1.он кажале дека добиле покана од Ракометната федерација на Македонија, но генералниот секретар се оградува од упатување било каква покана.

„Како федерација апсолутно и максимално ги почитуваме сите здравствени протоколи и превентивни мерки. Јас како генерален секретар на РФМ се оградувам од упатување каква било покана“, кажал Милошоски за А1он.

 

[ФОТО]

Posted by Сител ТВ on Friday, March 12, 2021