Loading Video...
Фудбал
28. March 2020 - 20:58

Фудбалските второлигаши бараат помош од ФФМ во висина на ваучерите кои не можат да ги уновчат

Фудбалските второлигаши бараат помош од ФФМ во висина на ваучерите кои не можат да ги уновчат бидејќи компаниите ги чекаат економските мерки од владата во насока на справување со кризата настаната од пандемијата  и се стопирани сите спонзорства и донации.

Фудбалската сезона во Македонија е во прекин поради пандемијата со коронавирусот.  Ова ги турна сите клубови во тешка финансиска состојба. Први помош од федерацијата и државата побараа прволигашите а денеска помош побараа и членовите на двете македонски втори лиги источната и западната.

                Новонастанатата состојба и пролонгирањето на уплатата на данокот на добивка од страна на фирмите го доведе во тешка состојба спортските клубови кои требаше токму од таа ставка да ги претворат спортските ваучери  во  финансиски средства.

                „Фудбалските клубови се на аматерска основа и не остваруваме никакви приходи по ниту еден основ, единствен приход се донации, кои сега се поврзани со добивањето на ваучер и спонзорства, кои од воведувањето на ваучерите се нула. Во овој момент се соочуваме со ситуација да не може да ги реализираме ваучерите, ниту да добиеме спонзорства од компаниите, а трошоците останаа исти, се однесуваат на личен доход за многу малку лица и хонорари, како единствен начин за финансирање на фудбалерите и останатите лица ангажирани во клубот“, се вели во соопштението.

            Второлигашите во своето соопштение бараат  еднаква финансиска    помош за секој клуб и  повлекување на ваучерите доделени од Агенцијата за млади и спорт.