Loading Video...
Фудбал
22. May 2020 - 18:16

Фудбалските прволигаши ќе треба да се изјаснат за едно од трите можни сценарија кои ги предложи ФФМ

Со три можни сценарија излезе Фудбалската федерација на Македонија, до претставниците на клубовите членови на Првата лига, што се однесува до  евентуално продолжување или  прекинување на првенство во нашата земја. 
 
Втор состанок на прволигашите со раководството на ФФМ за само недела дена, иако пред само Седум дена повеќето прволигаши се изјаснија дека се за прекин на првенството, на денешната средба Фудбалската федерација на Македонија излезе со Три предлози до претставниците на Прволигашите, за тоа како да заврши тековното првенство. 
 
Не беше јасно беше зошто е присутен и епидемиологот др. Жарко Караџовски, кој што не даде конкретен одговор на прашањето, кога клубовите може да започнат со колективни тренинзи!? 
 
Тој нагласил дека во моментов на тоа е невозможно да се одговори имајќи ја во предвид актуелната состојба и секојдневниот број на заболени од Ковид-19 во државата. Истовремено др. Караџовски не можел да одговори кога Владата планира да ги отвори границите, што е клучен предуслов за клубовите кои имаат странски фудбалери да можат да ги повикаат во своите редови.
 
Бидејќи 15 Јуни е прв можен датум за отворање на границите, се поставува прашање како би се реализирал предлогот на ФФМ, фудбалското првенство да се продолжи на 14 јуни. 
   
Со еден ваков предлог клубовите би биле доведени во ситуација да неможат да сметаат на странските играчи, ако на ова се додаде дека тие странски играчи треба заедно со другите фудбалери да имаат подготовки од најмалку дваесет дена, повеќе од јасно е дека реален старт на македонското фудбалско првенство не е можно пред 10 Јули. 
 
Иако во Македонија никој освен два клуба нема интерес да се доигрува првенството, заради финансиски интереси на овие два клуба се прави обид да се одиграат некакви квази 4 натпревари??? 
 
Заради интереси на два Македонски фудбалски клубови, сите други клубови ќе трпат дополнителна финансиска штета и ќе имаат дополнителни финансиски трошоци во момент кога спортските клубови едвај преживуваат. Се прави обид набрзина да се соберат клубовите, без странски играчи и без вистински подготовки, да се  одиграат Четири кола од веќе реално завршеното првенство.
 
Иако е најавено дека календарот на натпревари би бил усогласен во зависност од мерките кои ќе важат на ниво на држава, според ФФМ почетокот на првенството би бил на 14 јуни, а сите натпревари би завршиле до 20 јули. 
 
Од ова уште еднаш може да се заклучи дека, и покрај реалната опасност од Ковид-19, во моментот кога сеуште има полициски час и викенд карантин, кога бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Македонија драматично расте се прават планови за рестартирање на Фудбалското првенство. 
 
Се поставува прашање кој сака заради финансиски интерес да ги загрози здравјето на фудбалерите, тренерите, и другите учесници во евентуалните натпревари.
 
Во наредните денови ќе видиме дали за ФФМ ќе биде приоритет здравјето и животите на сите учесници во одигрување на некакви Четири кола, или финансискиот интерес на Два клубови ќе биде поважен од се.