-->
-->
Фудбалскиот свет во шок: Се самоуби познат чешки фудбалер
-->
Поранешниот репрезентативец Франтишек Рајторал е пронајден мртов во својот дом во Турција, пренесуваат локалните медиуми.
Рајторал не се појавил на тренинг во клубот Газиантеп, па од клубот отишле кај него дома да проверат што се случило. Го затекнале чешкиот фудбалер – обесен.
Информациите од Турција велат дека најверојатно станува збор за самоубиство и тоа поради семејни причини.
-За жал можам да ја потврдам тажната вест за самоубиството. Сите беа загрижени кога не се појави на тренинг и не можеме да веруваме дека ова се случило, истакнал претседателот на клубот Ибрахим Кизил.
Рајторал имаше 31 година. За репрезентацијата на Чешка одигра 14 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија