Loading Video...
Фудбал
8. јуни 2021 - 19:17

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Букурешт

Фудбалска Македонија денеска ги испрати своите херои за Букурешт каде нашата репрезентација за првпат ќе се претстави на Европски шампионат....Испишуваме историја  во речиси 30-годишното постоење на националниот тим.  
Пандемијата не дозволи еуфорија, но таа е тука, возбудата е голема и фановите сигурно со нетрпение очекуваат  Пандев  и останатите од четата на селекторот Ангеловски да истрчаат  на  теренот и да го потврдат она што го знаат и умеат  против силните и  цврсти противници. 
Сите сме оптимисти иако  самиот пласман за оваа генерација фудбалери но и воопшто за сите кои го носеа црвено-жолтиот дрес  е голем успех. 
Да се игра против Австрија, Украина, Холандија....да се дише истиот воздух со сите големи ѕвезди на европскиот фудбал....да се навива за нашите, за Македонија секако е голема работа за мала држава како нашата но со големо срце и  многу фудбалски желби. 
Македонија  одигра одлични натпревари во  тековните мундијалски квалификации. Силно одекна победата  против светската велесила Германија,  добрите игри во контролите со Словенија и Казахстан  го  дополнија впечатокот и вербата на  верниот навивач на рисовите, дека Македонија знае, Македонија може и  сигурно ќе приреди пријатни моменти и нова фудбалска радост. 
Австрија и Украина се на нашиот пат но тоа се селекции против кои можеме да играме.  Селекторот Ангеловски  направи селекција која знае да игра модерно, тактички мудро и  со многу решенија.  Пандев, Елмас, Ристовски, Барди и сите оние кои ќе истрчаат на теренот веруваат во своите можности и тоа е најважно.  Ние ќе навиваме  среќни и задоволни што на ЕП ќе играат нашите.  Ќе игра Македонија, една и единствена  и фудбалски обединета.  Напред Рисови....