Фудбалската јавност од М. Каменица се простува од поранешниот капитен на ФК „Саса“, Перо Стојановски, кој загина во сообраќајна несреќа
Фудбалската јавност од Македонска Каменица се простува од поранешниот фудбалер на ФК „Саса“, Перо Стојановски, кој синоќа загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Упатувајќи сочувство до семејството, од фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ истакнаа дека фудбалот загуби големо фудбалско име, кое ќе остане длабоко врежано во колективната меморија на каменичката и македонската фудбалска јавност.
– Синоќа, во тешка сообраќајна несреќа, Македонска Каменица, ФК „Саса“ и фудбалска Македонија го загуби големото фудбалско име Перо Стојановски. Прерано нè напушти еден од најдобрите фудбалери на ФК Саса на сите времиња, долгогодишниот клупски капитен, човекот кој беше и ќе остане длабоко врежан во колективната меморија на каменичката и македонската фудбалска јавност. Перо Стојановски беше голем другар и прекрасен човек, имаше неверојатен фудбалски сенс, а по фудбалското пензионирање на секаков начин го помагаше функционирањето на сегашна ФК „Каменица Саса“, се вели во сочувството кое од клубот го изразија до семејството на Стојановски.
За утре претставници на клубот, како што е најавено, ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалиште.
Сообраќајната несреќа во која загина поранешниот капитен на ФК „Саса“ се случи синоќа нешто по 20:30 часот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, а во неа е повредено уште едно лице од Македионска Каменица.
Ново на Сител
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери