-->
-->
Фудбал У-18: Црна Гора и се реваншира на Македонија
-->
Пораз на македонската фудбалска репрезентација до 18 години на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора одигран денеска во Скопје.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ во ефикасна фудбалска претстава се поразени со 3:4 со што гостите се реваншираа за минималниот пораз од пред два дена од 1:0.
Црна Гора максимално ги користеше грешките на нашата одбрана. И кога се чинеше дека по предноста од 4:0 лесно ќе стигне до победата, малку недостасуваше „црвено-жолтите“ да направат целосен резултатски пресврт. Првиот гол за Македонија го постигна Енис Фазлагиќ од пенал во 61. минута . Потоа следуваше погодок Диме Митровски во 63. Минута и гол на Кирил Ристовски со глава во 72. минута.
Во финишот на средбата Митровски се најде сам пред противничкиот голман, но големата шанса за изедначување остана без реализација.
Головите за Црна Гора ги постигнаа: Илија Вукотиќ Илија од пенал (1. минута), Павле Крстовиќ (49. и 59. минута) и Алекса Мирушиќ (58. минута).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
-
Почна монтирањето на новиот топловод под мостот Беласица
-
Поевтинуваат дел од горивата
-
Запленети лекови, мобилни „ајфон 16“, часовници „ролекс“, девизи
-
На респиратор новороденчето чија мајка почина во кумановската болница
-
РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври
-
МНР: Нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан
-
На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за набавката на „мерцедесот“