„Фу Фајтерс“ го одложи својот концерт поради заразен со коронавирус
Рок-настапот на „Фу Фајтерс“ на Форумот во Лос Анџелес е ставен во пауза. Арената „Инглвуд“ требаше, по подолго време, повторно да биде отворена, со настап на рок-групата в сабота, но бендот денеска објави дека еден случај на Ковид-19 меѓу нивните луѓе, довел до одложување на нивниот настап.
„И покрај сите напори да ги следат протоколите на ЦДЦ за ковидот и тукашните закони, во групата на ’Фу Фајтерс’ има потврден случај на Ковид-19. Од големата претпазливост и грижа за безбедноста на бендот, екипажот и најмногу на обожавателите, саботното шоу на Форумот во Лос Анџелес се одложува за подоцна. Новиот датум ќе биде објавен наскоро. Билетите за датумот на 17 јули ќе бидат поместени за новиот датум“, објави групата на Твитер.
Шоуто на 17 јули ќе го означеше првото шоу на Форумот со полн капацитет, по заклучувањето на почетокот на минатата година. Други музички претстави не се резервирани за Форумот до концертот на „Блек Кроус“, на 19 август, но најавени се спортски настани.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи