ФСБ: Тероризмот се уште е закана, ќелиите се преселуваат во Европа
Шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников предупреди дека меѓународни терористички ќелии се преместуваат од Блискиот Исток кон Европа, Централна и Југоисточна Азија.
– И покрај претрпените порази, меѓународните терористички организации претставуваат закана за повеќето земји во светот, истакна Бортников на конференцијата за борба против меѓународниот тероризам во Санкт Петербург.
Бортников истакна дека тероризмот стана многу профитабилен бизнис и дека разновидни финансиски механизми им даваат на терористите дополнителна шанса за опстанок.
Тој предупреди дека Исламската држава и Ал Каеда и понатаму претставуваат сериозна закана и дека во моментов создаваат мрежа на терористички ќелии.
Меѓусебно поврзаните и автономни ќелии се преместуваат од Блискиот Исток во Европа, Централна и Југоисточна Азија, истакна Бортников.
Ново на Сител
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово