Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово
Косовската полиција соопшти дека синоќа непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан, во северно Косово.
Во 24-часовниот извештај на полицијата се наведува дека во случајот нема повредени.
„Звечан, 26.11.2024, 23:55 часот. Пријавено е дека непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица, каде освен материјална штета, нема повредени. Случајот е под истрага“, се вели во полицискиот извештај.
Звечан е општина во северно Косово, населена со мнозинско српско население. Како и во другите три општини во областа – Северна Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток – и во Звечан минатата година имаше големи протести на косовски Срби против преземањето на должноста на градоначалниците Албанци, откако Србите ги бојкотираа локалните избори во знак на протест против политиките на Владата во Приштина кон таа етничка заедница.
Министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и генералниот директор на Полицијата на Косово, Газменд Хоџа во понеделникот, на 25 ноември поставија камен-темелник за изградба на новата полициска станица во Звечан.
Ново на Сител
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија
-
Поранешните директори осудени по 1,5 година затвор за пожарот во модуларната болница
-
Сè поголем број ментални заболувања кај младата популација, посета на психолог и психијатар сè уште табу тема
-
Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење
-
Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
-
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник пониски утрински температури