Фрлени 185 тони сол на градските улици и булевари
Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатото деноноќие фрлија 185 тони сол на градските улици и булевари поради ледениот дожд и за спречување на појавата на голомразица.
Како што информира денеска Град Скопје, екипите на зимската служба интервенираа на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
- Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, се вели во соопштението од Град Скопје.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР