Фудбал
25. April 2020 - 14:53

Французите сакаат да го продолжат првенството во јуни

Во Франција, каде пандемијата на коронавирус го запре фудбалот  од 11 март, зелените терени  се очекува да бидат оживеани на 17 јуни, но само доколку зелено светло дадат надлежните. Прва цел на  Ноф Ле Грает , првиот човек на ФФФ , е фудбалерите да се вратат на теренот малку порано, имено, на 13 јуни, кога треба да се игра  финалето на Купот, а три дена подоцна да се игра финалето на Лига купот.
 
„Одлуката за продолжување на првенството допрва треба да се донесе, но мислам дека би можеле малку да го смениме календарот и најпрво да играме финале во купот. Ние мора да сториме сè за да продолжи сезоната. Ова е приоритет, како што информираше и Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација “, рече Грает.
 
Турците имаат слични планови,  исто така планираат да го продолжат шампионатот во јуни, пред празните трибини, се разбира. „Сегашната одлука е да  започнат натпреварите во Суперлигата помеѓу 12 и 14 јуни“, се вели во изјавата на претседателот за турските медиуми Мехмет Септил .