-->
-->
Французите сакаат да го продолжат првенството во јуни
-->
Во Франција, каде пандемијата на коронавирус го запре фудбалот од 11 март, зелените терени се очекува да бидат оживеани на 17 јуни, но само доколку зелено светло дадат надлежните. Прва цел на Ноф Ле Грает , првиот човек на ФФФ , е фудбалерите да се вратат на теренот малку порано, имено, на 13 јуни, кога треба да се игра финалето на Купот, а три дена подоцна да се игра финалето на Лига купот.
„Одлуката за продолжување на првенството допрва треба да се донесе, но мислам дека би можеле малку да го смениме календарот и најпрво да играме финале во купот. Ние мора да сториме сè за да продолжи сезоната. Ова е приоритет, како што информираше и Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација “, рече Грает.
Турците имаат слични планови, исто така планираат да го продолжат шампионатот во јуни, пред празните трибини, се разбира. „Сегашната одлука е да започнат натпреварите во Суперлигата помеѓу 12 и 14 јуни“, се вели во изјавата на претседателот за турските медиуми Мехмет Септил .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата