Француското национално собрание изгласа продолжување на здравствената вонредна состојба до 16 февруари
Наспроти растечкиот бран на епидемијата со Ковид-19, извршната власт подготвува можни ограничувања за Французите до пролетта 2021, јави дописникот на МИА,
Националното собрание, каде што опозицијата ја критикуваше долгорочна употреба на ова „атомско оружје“ односно вонредната здравствена состојба, пратениците со 71 глас „за“ и 35 „против“ при прво читање го усвоија продолжувањето на овој исклучителен режим до 16 февруари 2021 година.
За овој текст презентиран во средата во Советот на министрите и разгледан во Палата-Бурбон, пратениците каде нивното присуство е ограничено на 50 отсто поради епидемијата што се должи на коронавирусот . Предлог-законот ќе биде на менито на Сенатот (горниот дом на парламентот) од среда и треба конечно да биде усвоен на почетокот на ноември.
Оваа сабота Франција ја надмина границата од над еден милион заболени, само во последните 24 часа беа регистрирани 45.422 нови случаи. Бројот на починати исто така се зголеми, со нови 138 смртни случаи за 24 часа (наспроти 298 лица претходниот ден),.
Стапката на позитивност на тестот продолжува да се зголемува на 16%, наспроти 15,1% претходниот ден, и само 4,5% на почетокот на септември. Министерот за здравство Оливие Веран очекува зголемување на бројот на сериозни случаи и смртни случаи во наредните недели.
Две третини од Французите или 46 милиони, сега се предмет на ноќниот полициски час воведен во 54 департмани и Полинезија за да се спречи ширењето на вирусот, кој веќе уби повеќе од 34.500 луѓе во земјата.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода