Свет
11. July 2022 - 19:44

Францускиот претседател Емануел Макрон осомничен за злоупотреби и фаворизирање на такси-мрежата Убер

Францускиот претседател Емануел Макрон и поранешната еврокомесарка Нели Крос сред политички скандал. Такси компанијата УБЕР издвојувала 90 милиони долари годишен буџет за лобирање меѓу истакнати и моќни политичари, со цел да ја растури европската такси индустрија и полесно да влезе на пазарот. Во 2014 та година, амбициозниот поранешен банкар, Макрон бил назначен за министер за економија. Макрон го гледал Убер како извор на економски раст и потенцијални нови работни места.

Според пишувањата на Гардијан, илјадници документи, односно над 124 илјади, меѓу кои и 83 мејлови покажуваат како Убер добивал помош од Емануел Макрон  и Крос, но и како екс директорот на компанијата наредил да се спречат полициски истраги во нивните компјутери.

Документите покажуваат и дека еврокомесарката Крос, барала вработување во Убер пред крајот на нејзиниот мандат и тајно лобирала за фирмата, што е против етничкиот кодекс на Унијата.

Во исто време. Макрон станал многу близиок пријател со контраверзниуот директор на Убер, Каланик, во периодот кога француските таксисти организираа масовни простеси. Макрон на Каланик му ветил дека ќе ги смени законите во неговата корист.

Убер стартувал со нов сервис УБЕР ПОП и дозволувал нелиценцирани возачи да нудат превоз по ммногу пониски цени. Иако сервисот добил забрана од судовите и парламентот, Убер продолжил со работа.

Документите покажуваат дека Убер се обуидувал да лобира и кај Џо Бајден, Олаф Шолц и Џорџ Озборн.

Инаку, во тоа време Убер беше најбрзо растечка компанија во светот, но и најконтраверзна, преплавена со судски спорови, обвинувања за сексулани злоупотреби и скандали со злоупотреба на лични податоци.

Европската Комисија веќе испрати писмо до поранешната потпретседателка, каде бара објаснување со овие натписи.