Француска Влада: Распуштањето на Националното собрание засега не е тема
Распуштањето на Националното собрание, Долниот дом на францускиот Парламент, засега не е тема, изјави портпаролката на француската влада Оливија Грегоар за радиото Франс Интер, откако претседателот Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во парламентот.
– Елизабет Борн е реизбрана (за пратеник), тоа не беше доведено во прашање. Ќе видиме во наредните часови. Ова не е тема во моментов, одговори Грегоар на прашањето дали Елизабет Борн може да остане премиер.
Елизабет Борн вчера најави дека нејзината влада в понеделник ќе почне со работа за да дојде до потенцијалните партнери и да го собере мнозинството зад себе, обезбедувајќи стабилност во втората по големина економија во еврозоната.
Макрон денеска се соочува со обид да го спаси владејачкото мнозинство, како и неговата програма за економски реформи, откако гласачите ја казнија неговата центристичка коалиција „Заедно“ на француските парламентарни избори.
Конечните резултати покажуваат дека центристичката коалиција на Макрон освоила само 245 места, а за апсолутно мнозинство потребни се 289 места.
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога