Франција/Ковид-19: За 24 часа 509 нови смртни случаи, повеќе од 6.000 лица на интензивна нега
Во најновиот извештај за епидемијата со Ковид -19 во Франција за изминатите 24 часа, стои дека има нови 509 смртни случаи, а 6.107 лица се на интензивна нега.
Жером Саломон, генералниот директор за здравство, објави дека од 1 март се регистрирани 4.032 смртни случаи во болниците од коронавирусот, 509 повеќе во изминатите 24 часа.
Оваа „целосно исклучителна“ епидемија, според зборовите на Саломон, принуди на хоспитализацијата 24.639 лица, од кои 6.017 во сериозна состојба се наоѓаат на интензивна нега.
-Тоа е повеќе од почетниот капацитет на Франција за реанимација, забележа Саломон.
Според податоците досега имало 10.935 излекувани лица од вирусот.
Во текот на вчерашниот ден имало 3.745 лица кои биле примени во ургентните служби на болниците, а 1.328 интервенции на СОС лекари поради симптоми на коронавирусот.
Градските лаборатории, способни сега да вршат 20.000 тестови дневно, овозможија да се потврдат вкупно 56.989 случаи на заразени со коронавирусот.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар