-->
-->
Франција со играч помалку ја победи Англија
-->
Фудбалската репрезентација на Франција забележа победа во пријателскиот натпревар против Англија иако „триколорите“ средбата ја завршија со играч помалку.
На средбата одиграна синоќа на „Стад де Франс“, во Париз, а во чест на жртвите во последните терористички напади во Лондон и Манчестер, фудбалерите на Франциј ја совладаа Англија со 3-2 .
Англичаните први поведоа и тоа во 9.минута со голот на Хари Кин. Во продолжение на првиот дел „триколорите“ успеаја да направат целосен пресврт. Умтити (22.минута) го израмни резултатот, Сидибе (44) и донесе предност на Франција од 2-1.
На стартот на вториот дел Рафаел Варан несмасно стартуваше, па главниот судија му покажа црвен картон и досуди најстрога казан на Англија, која ја реализираше Кин за израмнување на 2-2.
Иако со фудбалалер помалку сепак Французите на крајот се радуваа откако Дембеле во 78.минута ги постави конечните 3-2.
Од останатите меѓудржавни пријателски натпревари ги издвиојуваме, победата на Бразил на гостувањето кај Австралија со 4-0, нерешениот резултат на скандинавските ривали Норвешка – Шведска чиј дуел заврши 1-1, победата на Романија која пред своите симпатизери го совлада Чиле со 3-2, како и убедливиот триумф на Колумбија од 4-0 на гости кај Камерун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето