Свет
16. March 2019 - 9:28

Франција се подготвува за 18-ти протест на „Жолтите елеци“

Франција се подготвува денеска за нов протест на движењето на „Жолтите елеци“ кои почнаа пред четири месеци, но ослабна во изминатите неколку саботи.

Од почетокот на протестите загинаа 11 луѓе, главно во инциденти при блокади на демонстрантите.

Во изминатите четири месеци на протестите беа повредени 1.500 членови на полицијата и 2.200 демонстранти.