Франција очекува распределба на вакцини за Ковид-19 во ЕУ според бројот на жители
Договорот меѓу британската компанија „Астра Зенека“ и Франција за вакцина за вирусот Ковид-19 предвидува дистрибуција на вакцината меѓу земјите на ЕУ пропорционално со бројот на жители, изјави денеска претставник на Кабинетот на францускиот претседател.
Минатиот викенд, британската фармацевтска компанија потпиша договор со европските влади за набавка на повеќе од 400 милиони дози потенцијална вакцина за Ковид 19.
Договорот беше потпишан од европскиот Сојуз за вклучување вакцини (ИВА), кој беше основан од Франција, Германија, Италија и Холандија со цел да се обезбеди вакцината за сите членки на Европската унија што е можно поскоро.
– Договорот се заснова на принципот на пропорционална дистрибуција на вакцините, според бројот на жители. Баравме вакцината да се произведува во Европа и така е договорено, вели претставникот од Кабинетот.
Според него, Франција се надева дека слични договори наскоро ќе бидат склучени и со други фармацевтски компании.
Вакцините сè уште се во фаза на клиничко тестирање, а ќе бидат наменети за сите земји на ЕУ.
Ново на Сител
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните