Франција нема самоиницијативно да му даде азил на Асанж
Француската Влада не ја разгледува можноста да му понуди политички азил на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, освен ако тој самиот не го побара тоа, изјави денеска државната секретарка за европски прашања на Франција, Амели де Моншалан.
– Ние би требало да слушнеме што тој сака, бидејќи не му нудиме азил на никого кој не го бара тоа, изјави Моншалан за радиото Франс-Интер.
Таа нагласи дека иако Европа има посебни мерки за заштита на „свиркачите“, Франција досега не добила никакво официјално барање од Асанж.
Изјавата на Моншалан следи откако францускиот адвокат на Асанж, Хуан Бранко апелираше до претседателот на Франција, Емануел Макрон да интервенира за да го извлече основачот на „Викиликс“ од затворот во Лондон.
Според Бранко, Макрон би требало да му понуди азил на Асанж и на тој начин да помогне за избегнување на негова екстрадиција во САД.
Бранко оцени дека Макрон треба да се понуди да посредува и да го стави Асанж по француска заштита, имајќи предвид дека тој има малолетно дете кое живее во Франција.
Макрон засега јавно не го коментираше апсењето на Асанж, ниту барањето на Бранко.
Британската полиција вчера го уапси Асанж во зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде тој престојуваше изминативе седум години. Полицијата информираше дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин.
САД во 2010 година издадоа потерница по Асанж под обвинение за објавување доверливи информации, откако „Викиликс“ објави серија американски тајни документи, вклучително и за воените операции на САД во Авганистан и Ирак и за условите во затворот во базата Гвантанамо на Куба.
Ново на Сител
-
Нова иницијатива на Макрон: Париз денеска домаќин на уште еден состанок за Украина
-
Си-Ен-Ен: Трамп и задава нов удар на Украина, му дава нов поттик на Путин
-
Бербок: Ниту еден европски војник нема да биде испратен во војната во Украина
-
Утрото променливо облачно и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
-
Состојба на патиштата
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез