Свет
5. October 2016 - 20:18

Франција ќе поднесе предлог резолуција за Сирија во Советот за безбедност на ОН

Франција до крајот на неделата и официјално ќе поднесе предлог резолуција за Сирија во Советот за безбедност на ОН, во обид да се постигне прекин на огнот во Алепо, информира денеска владиниот портпарол Стефан ле Фол, цитиран од француските медиуми.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро утре заминува за Русија, а во петок ќе ги посети САД, во обид двете земји да ги убеди да ја поддржат француската резолуција.

Само Франција „се побуни против тоа што се случува во Алепо“ и не го прифаќа, рече Ле Фол.

„Позицијата на претседателот Франсоа Оланд за Сирија не е сменета од 2014 година. Тој своевремено предложи напади, кога Башар ал-Асад ја мина црвената линија за употреба на хемиските оружја“, дополни портпаролот.

-Тоа не беше можно, изјави тој, потенцирајќи го ескивирањето на Вашингтон во последен момент од варијантата за употреба на воена сила.