Свет
20. April 2020 - 20:37

Франција го премина прагот од 20.000 смртни случаи од Ковид-19, нови 547 за 24 часа

Франција денеска го помина прагот од 20.000 смртни случаи. Генералниот директор за здравство Жером Саломон соопшти дека се регистрирани 20.265 смртни случаи од почетокот на епидемијата, односно нови 547 смртни случаи за изминатите 24 часа.

На болничко лекување се уште се наоѓаат 30.584 лица, од кои 5.863 се на интензивна нега во тешка здравствена состојба.

Саломон нагласи дека пред воведувањето на мерките на социјална дистанца, едно лице заразуваше три други, а денес заразата се пренесува на помалку од едно лице во просек.

-Постојат три хипотези: вирусот го напаѓа мозокот, вирусот го иритира мозокот или предизвикува промени во церебралната васкуларна циркулација, рече тој, откако претходно потврди дека губењето на мирисот и вкусот преставува напад врз нервниот систем од Ковид-19.