Франција го одбрани олимпиското злато во одбојка
Француската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата олимписки првак, откако попладнево во финалето на Игрите во Париз ја совлада Полска со максимални 3-0 во сетови (25-19, 25-20, 25-23).
Жан Патри беше најефикасен француски одбојкар со 17 поени, а ветеранот Бартош Курек со 10 поени ја предводеше Полска.
За Французите ова е втор олимписки медал и втор златен. Освен тоа, Франција стана третата репрезентација која успеала да го одбрани златото во машка одбојка, по СССР (1964, 1968) и САД (1984, 1988).
Од друга страна, актуелниот европски првак Полска го освои вториот олимписки медал, а прв по пауза од 48 години и златото од Монтреал во 1976 година.
Бронзата ја освои селекцијата на САД која во петокот ја совлада Италија со 3-0 (25-23, 30-28, 26-24).
Ново на Сител
-
Повикај пријател или професионален коуч? | Марина Анчевска | Sitel Podcast 065
-
Пукање кај Смилковско езеро
-
Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица
-
Приведен маж поради закана за поставување експлозив пред куќа во тетовско Мала Речица
-
Пронајдена неексплодирана граната од Втора светска војна на нива во скопско Бојане
-
Пронајден починат затворник во КПУ „Идризово“
-
Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана
-
Полицијата повторно го уапси Акиф Равманоски кој беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова