Ракомет
29. January 2017 - 10:22

Франција 2017: Бронзата за Словенија

Ракометната репрезентација на Словенија со голем пресврт успеа во дуелот за 3.место да ја победи Хрватска синоќа во Париз со 31:30 и со тоа да го освои првиот медал на Светските првенства. Во „малото финале“ Словенија во 40.минута беше во негатива од осум голови (24:16 за Хрватска), но сепак на крајот стигна до победата.
Во завршницата на дуелот хрватските ракометари често грешеа, а тоа го казнија Словенците за да стигнат до победата и бронзениот медал. Најефикасен на натпреварот беше „вардарецот“ во дресот на Хрватска Лука Циндриќ со 7 голови, а кај Словенија Марко Безјак, Дарко Цингешар и Гашпер Маргуч постигнаа по 4 голови.
Финалето меѓу Франција и Норвешка се игра попладнево со почетокот во 17:30 часот.