-->
-->
Франц е новиот кормилар на “романтичарите“
-->
ФК Работнички го именува Томислав Франц за нов тренер на клубот. Досегашниот прв асистент во сениорскиот тим, согласно договорот со раководството, во следните две години ќе ги води „романтичарите“. Франц на клупата ќе го наследи Игор Ангеловски кој ја презема селекторската функција на Македонија.
„Сметаме дека тоа е најдоброто решение со оглед на тоа дека веќе седум години е во клубот, а три години е дел од сениорскиот погон како прв асистент на Ангеловски. Сигурни сме дека клубот со него ќе ја продолжи досегашната филозофија на работа. Франц е вистинскиот човек за продолжување на нашата стратегија за форсирање на млади фудбалери, но и за стигнување до успешни резултати во двете домашни натпреварувања, како и на меѓународна сцена. Ги познава одлично состојбите во клубот како и квалитетите на сите поединци и сигурни сме дека може соодветно да одговори на поставените задачи“, изјави за клупската интернет страница претседателот на Работнички, Драган Поповски.
Работнички првиот дел од сезоната во домашното првенство ја заврши на четвртото место со 24 бодови, 19 помалку од лидерот Вардар.
Подготовката за пролетниот дел од првенството Работнички ќе ги започне на 8. јануари кога Томислав Франц ќе го одржи првиот свој собир со тимот како прв тренер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец