Фоторобот од убиецот на Јелена – Полицијата дава награда од 28.000 евра
Германската полиција во соработка со колегите од Австрија направи вистински фото робот на убиецот кој во Германија и Австрија уби две жени особено на ист начин на кој е усмртена пејачката Јелена Марјановиќ, минатата година, и нуди награда од 28.000 евра за нови информации, пишува Ало.
Поедини детали од злочинот во Борча, се поклопуваат со убиството на Карлин Грубер (27) која е силувана и убиена на 10 ноември 2016 година, во шума во Единген, и француската студентка Лусил К. (20) која е убиена на 12 јануари 2014 година во Австрија.
По завршувањето на анализата на ДНК која ја изврши Интерпол, ќе биде познато дали Јелена е жртва на серискиот убиец и дали злочинот во Борча навистина има допирни точки со овие две убиства. Германската плиција успеа да направи анализа, која покажа дека истата личност ги убила Карлин и Лусил, и на основа на изјавите на очевидците направи фоторобот од извесниот камионџија.
По вчерашното објавување на новиот фото-робот, во германскиот весник Билд, полицијата очекува повеќе информации од жителите. Објавен е повик на граѓаните да се јават на полицијата доколку ја препознаат личноста на сликата.
Фото-роботот покажува дека човекот со очилата е од 50 до 55 години, висина од 1,75 до 1,80 метри. Тој како оружје користел железна шипка која се користи за хидраулична дигалка.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на одбележување на годишнината од ослободувањето на Аушвиц
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција
-
Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц: Преживеаните зборуваат, светот да слуша
-
Бела куќа: Колумбија се согласува со условите за депортација на мигранти
-
Лукашенко го освои седмиот мандат со 87,6 отсто од гласовите
-
Сончево со мала до умерена облачност, магла по котлините
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп