Живот
17. August 2017 - 14:14

Фотографијата криела трагедија: Лекарите со месеци ме убедуваа дека не е ништо страшно, сега знам дека умирам

Кога зборуваме за луѓето кои боледуваат од рак, обично секој од нас има некаква претстава за тоа како би требало болеста да се одрази на физичкиот изглед.
 
Со оваа болест се соочува и Вики Венес (30) од Челтенхам. Вики е личен тренер и олицетворение на здраво тело. Таа е фитнес фанатик кој никогаш нема запалено цигара и се храни здраво. Сепак Вики страда од рак на белите дробови, а тоа го дознала само неколку часа после фотографијата што следува.
 
Таа им се жалела на лекарите, а тие постојано и дијагностицирале астма. Им биле потребни 18 месеци да откријат дека има рак на белите дробови, но само поради тоа што таа изгледала толку здраво.
 
„Оваа фотографија е направена неколку часа откако ми беше дијагностициран рак на белите дробови во четвртата фаза. Имам 30 години и сум фитнес тренер, не пушам и здраво се хранам. Кога имате рак, вие не мора да изгледате болни. Симптомите може да бидат многу суптилни и да се појавуваат повремено. За жал, моите лекари ракот го мешаа со астма. Суштината на мојата приказна е дека доколку се чувствувате лошо, посетете повеќе лекари, болници. Немојте да се плашите дека ќе бидете досадни, смешни и луди. Проверете се што ќе ви кажат и не се откажувајте додека не го добиете вистинскиот одговор. Ова е емотивно и физички најтешката недела од мојот живот, а сега е време за борба“ - вели Вики.