Македонија
10. October 2016 - 10:53

Фотограф од АП повреден од гумен куршум во Израел

Маџиди Мохамед, фотограф од американската агенција Асошиејтед Прес вчера се здоби со полесни повреди откако беше погоден со гумен куршум при конфликтот којшто се случи на Западниот Брег, во Израел.

Репортерот изјави дека го снимал апсењето во едно село, во моментот кога мештаните започнале да фрлаат камења кон израелските сили, коишто потоа возвратиле со солзавец и гумени куршуми, пренесува Танјуг.

Мохамед е повреден во рамото, каде што не бил заштитен од панцирот кој го носел, но како што вели, куршумот не му ја повредил коската.